Поврзувањето со Бугарија преку железнички сообраќај и вклучувањето на Република Македонија целосно во меѓународниот Коридор 8 е еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, кој е воедно и еден од најкапиталните, најзначајните и најскапите проекти што се реализирале во Република Македонија, вели Елена Кузмановска, од ВМРО ДПМНЕ.
„Реализацијата на проектот Коридор 8 ќе се одвива во три фази и ќе опфати вкупно 89 километри нова железничка инфраструктура. Првата фаза е “Реконструкција на Коридор 8, делница Куманово-Бељаковце“, инвестиција вредна преку 40 милиони евра, само за градежни работи. Во првата фаза од проектот целосно ќе се реконструира постојната пруга во должина од околу 31 километар. Првата фаза од проектот ќе ја реализира реномираната германска компанија “Вибе”. Како и за реализација на првата фаза, така и во реализацијата на другите две, активно ќе биде вклучена македонската градежна оператива, но и многу други македонски компании. Ова ќе значи раздвиживање на македонската економија и севкупно раст на БДП во годините додека да се комплетираат сите три фази на овој проект до 2022 година“,
Втората фаза од проектот е изградба на железничка пруга од Белјаковце-Kрива Паланка, долга 34 километри и ќе чини околу 145 милиони евра во градежни работи.
Во третата фаза од проектот ќе се реализира делницата Kрива Паланка-Деве Баир во должина од 24 километри и проценета вредност од 337 милиони евра за градежни работи. За оваа фаза како и за останатите две ќе се користат средства од Европската банка за обнова и развој, од Европската инвестициона банка и од ИПА-фондовите на ЕУ.
Реализацијата на проектот ќе чини околу 527 милиони евр , само за градежни работи, сума која никогаш претходно не е инвестирана во железничката инфраструкура во Македонија од сите претходни Влади заедно.
Кузмановска истакнува дека споредено 2005 година и 2013 година, капиталните инвестиции во инфраструктурата пораснале за 277 отсто, што уште еднаш докажува дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на ова поле повеќе од сите претходни влади заедно.