Квалификаци ЕУРО 2024: Македонија непоразена со Англија, пласман изборија Италија, Словенија и Чешка

Македонската фудбалска репрезентација непоразена против фаворитот Англија го заокружи слабото издание во квалификациите за Европското
првенство во Германија следната година, а селекциите на Италија, Словенија и Чешка се приклучија на списокот патници на ЕУРО 2024.

Уште пред последното коло, европскиот вицешампион Англија го обезбеди првото место. Во последниот натпревар „Горди Албион“ ремизираше 1:1 против Македонија на гостувањето во Скопје. Македонската селекција поведоа во 41. минута со голот на Енис Барди. Играчот од средниот ред на Трабзонспор го изведе пеналот досуеден по интервенција на ВАР-от, но Џордан Пикфорд го одбрани неговиот удар. Топката се одби до Барди, кој не згреши при вториот обид. Во 47. минута Англичаните ја затресоа противничката мрежа, но голот на Џек Грилиш беше поништен поради офсајд. Сепак, во 59. минута Јани Атанасов ја погоди сопствената мрежа за 1:1.

Актуелниот европски првак Италијанците следното лето во Германија ќе ја бранат титулата. „Аѕурите“ се пласираа на ЕУРО 2024 откако ремизираа 0:0 против Украина во Леверкузен во последното коло од групата Ц во директен дуел за второто место во групата. Двете репрезентации имаа по 13 бодови пред решавачките 90 минути, но бод им беше доволен на „аѕурите“ бидејќи победија со 2:1 на првата средба во септември на „Сан Сиро“.

Украинците сигурно уште долго ќе се жалат на арбитражата на Шпанецот Хесус Гил Манзано откако судијата не им досуди пенал по стартот на Брајан Кристанте над Михајло Мудрик. Судијата само одмавна на приговорите на Украинците, а од ВАР-собата не интервенира.

Англија го освои првото место со 20 бодови, Италија е втора со 14 бодови, исто толку колку и Украина на третата позиција. Македонците собраа осум бода, а Малта е последна без бодови.

Во Германија ќе патува и Словенија која во Љубљана го совлада Казахстан со 2:1. Тоа беше уште еден дуел на директните ривали за пласман во европското натпреварување. На Словенија ѝ беше доволен бод, но избраниците на Матјаж Кек на крајот ги освоија сите три. Бенјамин Шешко ја доведе Словенија во водство од пенал во 41. минута, но Рамзан Оразов израмни во 48. минута. На крајот од мечот победа на Словенија ѝ донесе Бенјамин Вербич, чија селекција се пласираше на континенталната смотра првпат по 2000 година кога играше на турнирот што тогап го организираа Белгија и Холандија.

Данците претходно ја обезбедија „единицата“ во групата, а во последното коло загубија од Северна Ирска со 0:2 на гостувањето во Белфаст. Головите ги постигнаа Ајсак Прајс (60) и Дион Чарлс (81). Со двата гола на Пири Соири (50, 58), Финска на гости го совлада Сан Марино со 2:0.

Данска е прва во групата со 22 бода, исто колку и Словенија, но Данците се подобри во директниот натпревар. Казахстан е трет со 18 бодови.

Во понеделникот имаше конечен исход и во групата Е. За Албанија беше обезбеден еден билет, а за втората виза во Оломуц играа Чешка и Молдавија. На Чешка ѝ беше доволен и бод, а на Молдавија за историски успех ѝ беше потребна победа. На крајот чешкиот тим победи со чисти 3:0. Давид Дудера ги доведе домаќините во водство во 15. минута. Молдавците имаа одлична шанса да израмнат осум минути подоцна, но Никита Мотпан шутираше лошо. Нови проблеми за гостите стигнаа во 55. минута кога Владислав Бабогло беше исклучен. Сите сомнежи околу победникот ги решија Чесите во 72. минута кога Томаш Чори погоди за 2:0. Конечните 3:0 ги постави Томаш Соучек во 89. минута.

Албанија одигра 0:0 против Фарски Острови, но и тоа беше доволно за освојување на првото место во групата со 15 бода. Втора е Чешка, исто така со 15 бода, но со послаб меѓусебен скор. Полска заврши со 11, а Молдавија со 10 бодови.

Во вторник, на последниот ден од квалификациите во групите, ќе се решава последната непозната во групата Д, во која е и Хрватска.

Турција е сигурен патник на ЕП, а Хрватска и Велс се борат за вториот билет. „Огнените“ сами си ја решаваат судбината. Хрватската репрезентација во случај на победа против Ерменија на стадионот „Максимир“ ќе се пласира на своето седмо Европско првенствво, а шесто по ред. Од независноста на Хрватска, не се појави само на едно европско првенство, во 2000 година во Белгија и Холандија.

Сè освен победа против Ерменија за Хрватите носи можна драма. Хрватска има два бода повеќе од Велс, кој го очекува домашен предизвик против Турција. Во случај на кикс на Хрватска, Велшаните ќе мора да ја победат Турција.