Македонската фудбалска селекција дојде и до втората победа во рамки на групата Ц од квалификациите за Европското првенство, и повторно беше совладана репрезентацијата на Малта, овојпат на нејзин терен со резултат од 2:0.
Во вториот дел одново избраниците на Благоја Милевски беа поконкретни. Алиовски погоди статива, а шутот на Миовски подоцна голманот на домаќините го одбрани. Малтажаните се заканија преку Пепе во самиот финиш, но Шишковски со крајни напори одбрани.
За одбележување е и тоа што во 76. минута Зајков беше изнесен на носилки откако заработи незгодна повреда поради која лекарскиот тим неколку минути интервенираше на теренот.
Македонија по пет одиграни кола со 7 бода е на 4. место во групата. Ист број, по 7 бода имаат и Италија и Украина кои се на второто, односно третото место поради подобрата гол разлика. Со ова и понатаму останува отворена борбата за пласман на ЕП, особено по четирите бода во последните два дуели.
Следниот меч на Македонија во квалификациите е на 14. октомври кога ѝ гостува на Украина во Прага.