Македонската ракометна репрезентација во драматичен меч со пресврт славеше против Турција со 30:27 и се пласира на следното Евроспкото првенство.
По израмнетото прво полувреме кое заврши со резултат 15:15 во вториот дел Турците отворија подобро и направија осетна предност од 24:20. Ова предизвика загриженост на клупата по што селекторот Кире Лазаров побара тајм-аут во кој ги советуваше своите ракометари да ја подобрат комуникацијата и играат на резултат.
Во тие моменти се разигра Јагуриновски а во продолжение успеавме да израмниме и во 55 минута да поведеме со 26:25. Во финишот се разиграа Томовски и Митев и Македонија ја зголеми предноста за сигурен влез во завршницата на мечот.
Јагуриновски и Митев беа клучни играчи во тој дел од натпреварот, а Мартин Томовски блескаше со дури 15 одбрани.
На крајот и Гоце Георгиевски од пенал реализираше гол кој ќе го памети уште долго, а Македонија заслужено славеше 30:-27 и обезбеди сигурен пласман на Евро 2024 во Германија.