Квалификации СП 2022: Италија ја продолжи низата без порази, Германија славеше во Романија

Bulgaria and Italy in Sofia, Bulgaria, 28 March 2021. EPA/VASSIL DONEV

Фудбалската селекција на Италија на гостувањето во неделата ја победи Бугарија со 2:0 во средбата од Групата Ц, од квалификациите за Светското првенство во 2022 година, продолжувајќи ја серијата без порази на дури 24 натпревари.

Втората победа на „Аѕурите“ на старот од квалификациите им ја донесоа Андреа Белоти од пенал во 43 минута и Мануел Локатели во 82 минута.

Со оваа победат италијанската репрезентација под водство на Роберто Манчини нанижа 24 натпревари без порази, при што во 17 дуело не прими гол. Последниот проаз го доживеаја во септеври 2018 во Лисабон од Португалија со 0:1 во Лигата на нациите.

Ова е третата најдолга серија на „Аѕурите“ без порас, а рекордот го оствариле од ноември 1935 до јули 1939 година, кога нанижаа 30 натпревари без пораз.

Во вториот дуел од групата Швајцијари ја победи Латвија со 1:0, па како и Италија имап шест победи по првите два натпревара од квалификациите.

 

Максимален успех има и Германија во групата Ј во којашто е и селекцијата на Македонија. По победата од 3:0 над Исланд, „Панцирите“ во второто коло во Букурешт ја победија Романија со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Серж Гнабри уште во 17 минута.
Во втоиот дуел од оваа група Македонија го декласираше Лихтенштајн 5:0, a Ерменија со головите на Баргесјан во 53 и Бајрамјан во 74 минута го совлада Исланд.

Во водство на табелата се Германија и Ерменија со по шест бодови, Македонија и Романија имаат по три, а Исланд и Лихтенштајн се без бодови.

 

Втора победа на стартот на квалификациите во Групата И ПОоствари и Англија По декласирањето со 5:0 на Сан Марино, „Гордиот Албион“ во вториот дуел на гостувањето во Тирана ја победи Албанија со 2:0. Стрелци беа Хари Кејн во 39 и Мејсон Моунт 63 минута.

Интересно е што голманот на Барнли, Ник Поуп, во својот шесто настап повторно ја сочува својата мрежа и стана првиот англиски репрезентативен голман кој на првиот шест натправери не е совладан.

Во истата група Полска немаше проблеми со Андора и ја победи со 3:0, со два гола на Роберт Левандовски во 30 и 56 и Карол Свидерски во 88 минута. Со идентичен резултат Унгарија со головите на Жалај во 13, Салаи во 71 и Николич во 88 минута од пенал го победи Сан Марино.

На табелата води Англија со шест бодови, Унгарија и Полска имаат по четири бодови, Албанија има три а Андора и Сан Марино се без бодови.

 

Во групата Б Шведска на гостување со 3:0 го совлада Косово, со головите на Аугустинсон во 12, Александер Исак во 35 и Себастијан Ларсон во 70 минута од пенал, а до 67 минута играше Златан Ибрахимовиќ кој асистираше за првиот погодок. За Швеѓаните ова е втора победа во квалификациите по успехот против Грузија од 1:0.

Во првиот дуел од оваа група Шпанија во Тбилиси со 2:1 ја победи со 2:1, остварувајќи ја првата победа откако претходно на домашен терен одигра 1:1 со Грција. Грузија поведе во 43 минута со голот на Квич Кваратшкелија, но во продолжувањето Шпанците дојдео до пресврт со погодоците на Феран Торес во 56 и Даниеле Олмо во втората минута од судиското продолжение. Во следната минута кај домашните беше исклучен Шенгелија.

Така „Фуријата“ беше на чекор од тоа и во вториот дуел на отворањето на квалификациите да не оствари победа, откако тоа не ѝ се случило од 1957 година кога во квалификациите за мундијалот во 1958 година влезе со порази од Швајцарија и Шкотска.

На табелата со шест бодови води Шведска а Шпанија е втора со четири бодови, Грција има еден бод а без бодови се Грузија и Косово.

 

Шкотска во Групата Ф по ремито од 2:2 дома против Австрија, ремизираше со 1:1 и на гостувањето кај Израел. Домашните поведоа со голот на Дора Перец во 44 а во 56 минута израмни Рајан Фрејзер.

Данска ја демолираше Молдавија со 8:0, доаѓајќи до втората победа. Стрелци беа Долберг во 19 од пенал и во 48, Дамсгаард во 22 и 20, Ларсен во 35, Јенсен 39, Сков во 81 и Ингвартсен во 90 минута.

Австрија ги совлада Фарските острови со 3:1. За домашните стрелци беа Драгович во 30, Баумгарнтер во 37 и Калајџич во 44 минута, иако гостите поведоа во 19 минута преку Натештад.

Данска ги има сите шест бодови, ја следи Австрија со 4, Шкотска има 2, а по еден бод имаат Фарски острови, Израел и Молдавија.