Квалификации СП: Аргентина ја забележа третата победа

Актуелниот светски шампион Аргентина ја оствари третата победа во третото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година, победувајќи го Парагвај со 1:0 во четвртокот во Буенос Аирес.

Голот на Николас Отаменди во третата минута од натпреварот беше доволен за победа на тимот предводен од Лионел Скалони, додека Лионел Меси, кој влезе во второто полувреме, двапати ја погоди стативата.

Бразил на домашен терен одигра 1:1 со Венецуела. Селесао поведе во 50. минута по паузата кога Габриел Магалхаеш ја затресе противничката мрежа. Сепак, Едуард Бело израмни со извонреден волеј на крајот од натпреварот (85.) за да ги принуди Бразилците да ги испуштат првите бодови во јужноамериканските квалификации за Сверскопто првенство во 2026 година.

Дарвин Нуњез постигна гол во судиското надополнување за да донесе реми на Уругвај со 2:2 против Колумбија на гостувањето во Баранкиља, откако домаќините прокоцкаа неколку добри шанси откако поведоа со 2:1. Колумбија поведе со голот на Џејмс Родригез во 35. минута, Уругвај израмни во 47. кога погоди Матеус Оливера, а Колумбија повторно поведе пет минути подоцна со голот на Матеус Урба.

Еквадор ги освои првите три бода во овие квалификации со победата од 2:1 на гости кај Боливија. Головите за Еквадор ги постигнаа Кендри Паез (45) и Родригез (90+6) на асистенција на Мојсес Каиседо, а единствениот гол за Боливија го постигна Родриго Рамало. Така, на 16-годишна возраст, Паез стана најмладиот играч во историјата на јужноамериканските квалификации кој постигнал гол во победа. Играч од средниот ред Играчот на еквадорскиот клуб Индепендиенте дел Вале го постигна овој гол на 16 години и 6 месеци.

Чиле го победи Перу со 2-0 со головите на Диего Валдес (74) и Маркос Лопез (90+1, автогол).

Петок, 13 октомври:
Аргентина – Парагвај 1:0
Боливија – Еквадор 1:2
Чиле – Перу 2:0
Бразил – Венецуела 1:1

Табела:
1. Аргентина 3 3 0 0      5:0     9
2. Бразил      3 2 1 0      7:2     7
3. Колумбија 3 1 2 0      3:2     5
4. Уругвај     3 1 1 1      6:5     4
5. Чиле         3 1 1 1      3:3     4
6. Венецуела 3 1 1 1     2:2     4
7. Еквадор    3 2 0 1      4:3     3
8. Парагвај   3 0 1 2      0:2     1
9. Перу         3 0 1 2      0:3     1
10. Боливија 3 0 0 3      2:10   0