Актуелните европски прваци, фудбалската селекција на Италија во средата вечерта го остварија новаиот светски рекорд според бројот последователни натпревари без пораз.
Пред натпреварот од квалификациите во Реџо Емилија против Литванија, сегашната италијанска генерација го израмни рекордот на Бразил од 1993 до 1996 година на 36 мечеви во низа без пораз. Но по убедливата победа на „Аѕурите“ со 5:0, Италија стана сопственик на ваквиот рекорд.
Италија во мечот со Литванија влезе по двата врзани реми, но и покрај тоа селекторот Манчини реши да ги одмори повеќето од своите главни ѕвезди а тоа и не беше проблем да се дојде до убедливиот триумф. По само половина час игра Италија водеше со 4:0, а двоен стреле беше Моис Кин, а по еден гол додадоа Распадори и Ди Лоренцо, а автогол во продолжението постигна Уткус.
Кикс во оваа Група Џ направи Швајцарија која одигра без голови на гостувањето кај Северна Ирска во Блефаст. Швајцарите сега зад Италија заостануваат шест бодови, но со два меча помалку, додека имаат три бода повеќе од Северна Ирска и Бугарија, а Литванија е без бодови.
Во Групата Б, Шведска е поразена на гости кај Грција со 1:2, откако претходно ги доби трите дуели во групата. Бакасетас и Пвлидис погодија за Грција, а Кваисон само намали за гостите во финишто на мечот.
Во оваа група Шпанија рутински ја заврши работата против Косово во Приштина. Стрелци за победата од 2:0 беа Пабло Горналс и Феран Торес.
Шпанија води во групата со 13 бодови, Шведска има 9, Грција е трета со 6, Косови има 4, а Грузија е со само еден бод.
Во Групата Е рутински славеше и Белгија на гостувањето кај Белорусија, а петтата победа во шесте натпревари ја донесе Прает. Велс, пак, одигра само 0:0 против Естонија на свој терен.
Белгија е далеку пред ривалите со 16 бодови, а Чешка и Велс ја следат со по 7 бодови, Белорусија има три а Естонија сега еден бод.
Со погодокот на Хари Кејн, Англија имаше водство на гости кај Полска до судиското продолжение, но домашните освоија барем бод со голот на Шимански во 92 минута. И покрај бодот, Полска падна на третата позиција бидејќи Албанија со 5:0 го декласираше Сан Марини, и сега има бод повеќе од Плска, односно два повеќе од Унгарија која ја совлада Андора со 2:1.
Во групата Ј, во којашто Македонија одигра без голови со Романија во Скопје, Германија со 4:0 го совлада Исланд во Рејкјавик. Второпласираната Ерменија кискираше домашен терен и одигра само 1:1 против Лихтенштајн, кој успеа да израмни во 80 минута.
Германија води со 15 бодови, Ерменија има 11, Романија 10, Македонија 9, Исланд е со 4 а Лихтенштајн има еден бод.