Во средбата од деветтото коло од од Групата Б од азиските квалификации за пласман на Светското фудбалско првенство годнава во Катар, Кина и Саудиска Арабија ремизираа со 1:1 на неутрален терен во Шарџах во Обединетите Арапски Емирати, но Саудијците пред овој меч ја обезбедија визата за мудијалот.
На Саудијците, коишто ги води Французинот Ерве Ренар, им помогна Јапонија којашто со победата од 2:0 во Сиднеј над Австралија и натпреварот против Кина го направи резултатски неважен.
Саудиска Арабија, покрај Јапонија, и пред овој натпревар го обезбеди пласманот во Катар, па дуелот во Шарџех можеже да се одигра во „ревијална“ атмосфера.
Поведе Саудиска Арабија во последните моменти од првиот дел со голот на Салех ал-Шехри, а израмни Жу Шенчи од пенал во 82 минута.
Во претходно одиграниот натпревар домашната Австралија во Сиднеј беше поразена од Јапонија со 0:2, а двата погодока ги постигна Каору Митома во финишот на дуелот, во 89 од игра и од пенал во четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Гостинска победа оствари и Оман, кај Виетнам а стрелец беше Калид ал-Хаџри во 65 минута.
Во последното коло закажано за 29-ти март се среќаваат Јапонија – Виетнам, Саудиска Арабија – Австралија и Оман – Кина.
Така коло пред крајот Јапонија и Саудиска Арабија ги обезбедија првите две места во групата коишто водат во Катар, додека Австралија како третопласирана ќе игра во дополнителните квалификации. Прво ќе се судри со теретопласираната селекција во Групата А, а доколку победи ќе игра и против петтопласираната репрезентација во квалификациите во Јужна Америка.
ТАБЕЛА:
1. Јапонија 9 7 0 2 10:3 21
2. Саудиска Арабија 9 6 2 1 11:6 20
3. Австралија 9 4 3 2 15:7 15
4. Оман 9 3 2 4 9:10 11
5. Кина 9 1 3 5 9:17 6
6. Виетнам 9 1 0 8 7:18 3