kvalifikacii spСудирот меѓу фудбалските селекции на Италија и Швајцарија за првото место во Групата Ц и директен пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година продолжува, откако во петокот вечерта двете репрезентации на римски „Олимпико“ ремизираа со резултат 1:1.
Содржајниот натпревар во Рим уште на почетокот донесе искри, особено по раниот водечки погодок на Швајцарците во 11 минута за кој се погрижи Сивлан Видмер. Окафор имаше голем удел во голот, со повратна топка го најде натрќаниот Видмер кој со топовски удар од врвот на шеснаесетникот ја закова топката под пречката.
Многу набрзо гостите можеа да го удвојат водството, бидејќи имаа две одлични шанси, но и на втората страна одлично бранеше швајцарскиот голман Зомер кој ги запре одлучните удари на Барела и на Киеза. Но, актуелните европски прваци до крајот на полувремето успеаја да израмнат, а по прекинот со глава во 36 минута погоди Џовани Ди Лоренцо.
Во вториот дел ритамот сепак падна, иако Италија беше за нијанса подобр и поблиска до вториот погодок. Совршена шанса за тоа домашната селекција имаше во 90 минута кога по реакцијата на ВАР-от судијата Тејлор досуди најстрога казна, Но Жоргињо, како и на претходниот меч меѓу двете селекции не успеа да го совлада Зомер, ја испрати топката далеку над пречката и ја остави Швајцарија во игра за првото место во групата и директен пласман на мундијалот.
Во оваа група Северна Ирска со автоголот на Шактус во 17 минута ја совлада Литванија.
Драмата е закажана за последното коло бидејќи Италија и Швајцарија останаа израмнети на врвот со по 15 бодови. Италија гостува кај Северна Ирска која е трета со 8 бодови, а Швајцарија ја пречекува Бугарија која исто така има 8 бодови. Освен победа, и двете селекции ќе бркаат победи со повеќе голови разлика, бидејќи во моментов Италија е во предност со плус два гола.
Во Групата Ф сѐ е јасно и пред последното коло. Од претходно се знаеше дека Данска обезбеди дирекетен пласман на мундијалот, додека од петокот е познато и дека Шкотска избори дополнителни квалификации.
Шкотите славеа кај Молдавија со головите на Натан Патерсон во 38 и Чи Адамс во 65 минута. За домашните малата шанса за надеж ја пропушти во 82 минута Вадим Рата кој со лошо изведениот пенал му овозможи да се прослави на шкотскиот голман Гордон.
Соврешните квалификации Данска ги расипа со Фарските острови. Имено, до ова коло Данците ги имаа сите осум победи, но и фантастична гол-разлика од 27:0. Против Фарските острови првпат капитулаираше данската одбрана и тоа во 89 минута, благодарејќи на Кламент Олсен. Сепак, Данците славеа со трите погодока а стрелци беа Андреас Сков Олсен во 18 Јакоб Брун Ларсен во 63 и Јоаким Маехле во третата минута од судиското продолжение.
Израел двапати водеше на гости кај Австрија, но на крајот домашната селекција славеше со 4:2. Изралците водствата ги имаа преку Нир Битон во 32 и Дор Перец во 58 минута, а стрелци за Австрија беа Марко Арнаутовиќ во 51 минута од пенал, Луис Шауб погоди двапати во 52 и 72, а Марсел Забитцер во 84 минута.
Данска е прва во Групата Ф со максималните 27 бодови, а Шкотска е втора со 20 бодови. Следат Израел и Австрија со по 13 бодови, Фарските острови имаат 4 а Молдавија само еден бод.
Во Групата И, Англија дојде многу блиску до првото место и до директен пласман на Светското првенство. Гордиот Албион ја демолираше во првото полувреме Албанија со 5:0 што на крајот остана и конечен резултат, со хет-трикот на капитенот Хари Кин кој погоди во 18, 33 и во 45 минута, а погодија и Хари Мегваер во 9 и Џордан Херденсон во 28 минута.
Полска, исто така, ја демонстрираше разликата во класите на гостувањето кај Андора со победата од 4:1. Левандовски погоди во 5 и 73, Камил Јожвиака во 11 а Акрадиуш Милик во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, а минута претходно Андора намали преку Марк Валес.
Унгарија со головите на Доминик Шобошлаи во 6 и 83, Даниел Газдаг во 222 и Балинг Вечшеи во 88 минута го победи Сан Марино.
Пред последното коло Англија има три бода предност пред второпласираната Полска (23 – 20) и за осигурување на првото место на Англичаните им е потребен само бод од гостувањето кај Сан Марино кој има девет порази во деветте кола, без оглед на исходото од дуелот меѓу Полска и Унгарија во последното коло. На Полјаците покрај чудо во Сан Марино, ќе им биде потребна и победа над Унгарците со шест гола разлика.