Квалификации за ЕУРО: Албанија и Словенија на врвот на своите групи

Со победата од 2:0 (1:0) на домашен терен против Полска во Тирана, албанската фудбалска репрезентација го зазема моментално првото место во групата Е од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година.

Откако го издржаа почетниот напад, Албанците поведоа со одличниот гол на Асани (37), а подоцна Даку (62) со уште еден прекрасен гол зголеми на 2:0.

Албанија сега има 10 бода од пет меча, Чешка и Молдавија имаат два помалку, со тоа што Чешка одигра меч помалку, додека Полска е четврта со шест бода. Во групата се и Фарски Острови кои имаат бод. Претходно во неделата Молдавија победи со 1:0 на Фарските Острови, а Рата (53) погоди за трите бода.

Со рутинска победа од 4:0 на гостувањето кај Сан Марино, Словенија ја прескокна Данска на чело на групата Х. Головите за Словенците ги постигнаа Випотник (4), Млакар (16), Ловриќ (61) и Карничник (67). Претходно во неделата Данска ја победи Финска со 1:0 на Олимпискиот стадион во Хелсинки со голот на Хојбјерг (86), додека Казахстан со 1:0 ја победи Северна Ирска во Астана со голот на Самородов (27).

Словенија и Данска сега имаат по 13 бодови, а потоа следат Финска и Казахстан со по 12. Северна Ирска е претпоследна со три, додека Сан Марино е на дното без бодови.

Во групата Г, Србија ја престигна Унгарија на врвот со победата од 3:1 на гостувањето кај Литванија. Сите три гола за Србија ги постигна Митровиќ (21, 32, 43), а Паулаускас (45) намали на 1:3.

Претходно во неделата, Црна Гора во подгорица ја победи Бугарија со 2:1. Савиќ во 45+1 минута ги доведе Црногорците во водство, Боруков (79) израмни на 1:1 пред Јоветиќ длабоко во судиското продолжение (90+7) да постигне важен гол за домашните.

Унгарија и Србија сега имаат по 10 бода, но Унгарија одигра меч помалку, а следи Црна Гора со осум, а Бугарија и Литванија имаат по два бода.

Холандија стигна до важните три бода во групата А со победата од 2:1 на гостувањето кај Ирска во групата А. Во таа група Грција без проблеми дома го победи Гибралтар со 5:0, првиот гол го постигна Пелкас (9), а потоа Мавропанос (23, 82) и Масурас (70, 90+1) постигнаа по два погодока.

На врвот на табелата во оваа група е Франција со 15 бодови, Грција и Холандија имаат по 9, но Холандија одигра меч помалку. Ирска со 3 и Гибралтар без бодови немаат шанси за пласман на ЕУРО.