Во дербито од квалификациската група Г за одење на Европското првенство следната година, унгарските фудбалери пред своите гледачи во Будимпешта ја победија Србија со 2:1.
Унгарија оствари голема победа и значително се доближи до шампионатот кој ќе се одржи во Германија, бидејќи сега има 13 бода на врвот на табелата, односно три повеќе од Србија и пет од Црна Гора.
Унгарија и Србија одиграа многу интересен натпревар во силен ритам. Двете репрезентации имаа низа шанси и немаше да биде изненадување доколку славеа и гостите. Сите голови беа постигнати во првото полувреме, а за издвојување е оној за 2:1, кој извонредно го постигна унгарскиот играч Салаи, со прецизен и силен удар од 20 метри, во 34. минута.
Унгарија поведе од 20. минута со голот на Варга, а израмни Павловиќ во 33. минута со убав удар со глава по изведениот корнер. Во вториот дел Србија имаше бројни пропуштени шанси. На пример, во 71. минута, во истата акција гостинските играчи двапати ја погодија рамката од голот, додека во 93. минута Миленковиќ не успеа да постигне гол од непосредна близина за 2:2.
Лидерот Унгарија сега има 13 бода, три повеќе од Србија, а Унгарците имаат и натпревар помалку. Црна Гора е трета со осум бода.
Во истата група, во Софија порано играа Бугарија и Литванија, единствените две селекции без победа. По 90 минути во Софија, само Бугарија е без победа, бидејќи Литванија победи со 2:0. Во 42. минута домашниот играч Краев заработи втор жолт картон, по што Литванија ја искористи предноста од играч повеќе со два гола до крајот на мечот. Двата голови ги постигна Ширвис, во 45. и 55. минута, но Литванија сѐ уште е далеку од горниот дом на табелата каде се води борбата за пласман на ЕВРО. Литванија сега има пет бода, додека последното место Бугарија остана на два.
Во Бари, Италија рутински ја совлада Малта со 4:0 во рамките на Ц групата. Бонавентура во 22. минута ја начна мрежата на Малтежаните, а работата ја заврши играчот на Сасуоло Берарди кој постигна два гола во 45. и 63. минута за 3:0. Фратеси заокружи со гол во судиското надополнување.
Претходно во саботата важна победа на потенцијалниот пат кон ЕУРО остварија фудбалерите на Украина кои како домаќини во Прага ја совладаа Македонија со 2:0. Во дуелот со бројни можности на двете страни, Украина поведе по половина час игра. Судаков шутираше, а топката се одби од маекдонски играч, го смени правецот и го измами Димитриевски. Во продолжението македонските играчи беа подобри, но упорно пропуштаа прилики. Во вториот дел Украина можеше да го скрши противникот, но најпрвин Мудрик не ја реши успешно ситуацијата еден на еден со голманот Димитриевски, а потоа двапати Украинците биеја во рамката на голот. Сѐ беше решено со голот на Украинците во 95. минута кога Караваев забележа дека македонскиот голман истрчува и од повеќе од 30 метри ја погоди небранетата мрежа.
На табелата од групата Ц првата Англија има 13 бодови, а Италија и Украина собраа по десет, но Италијанците имаат натпревар помалку. Македонија е на седум бидови.
Данска го совлада Казахстан со 3:1 на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, во рамките на групата Х, благодарение на одличната игра на Роберт Сков, кој постигна два гола. Сѐ започна со голот на Винд во 36. минута, а потоа Сков на самиот крај на првото и на почетокот на вториот дел ја зголеми предноста на 3:0. До крајот Казахстан успеа да постигне почесен гол, а стрелец беше Вороговски.
Словенечките фудбалери направија нов чекор кон ЕУРО откако претходно во саботата во групата Х ја совладаа Финска со 3:0 во Љубљана. Херој на натпреварот беше напаѓачот на Лајпциг, Бенјамин Шешко, кој постигна два гола во првото полувреме и со тоа го одведе својот тим до победата. Во 16. минута реализираше пенал за 1:0, додека во 28.погоди за 2:0. На самиот крај, во судиското надополнување, Јанжа ги постави конечните 3:0.
На врвот на табелата се издвоија Словенија и Данска кои имаат по 16 бодови, а ги следат Финците и Казахстанците кои имаат по 12 бода.
Во товаа група Х претходно меѓусебно играа двете последни репрезентации на табелата, а во Белфаст Северна Ирска без поголеми проблеми го победи Сан Марино со 3:0. Натпреварот беше решен во воведните нешто повеќе од десет минути, бидејќи толку ѝ беа потребни на Северна Ирска да дојде до два гола предност. Смит погоди во петтата, а Магенис во 11. минута за 2:0. Последниот гол на натпреварот го постигна МекМенамин во 81. минута.
Двете репрезентации останаа на претходните позиции, претпоследна е Северна Ирска, а последен е Сан Марино. Сепак, Северна Ирска собра шест бода, а нивниот саботен противник и натаму е на нула со гол разлика 0:24.