![kvalifikacii EURO](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/kvalifikacii-EURO.jpg?resize=696%2C345&ssl=1)
Фудбалерите на Литванија и Бугарија одиграа без победник 1:1, во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, во рамките на Групта Г.
Иако поголемиот дел од натпреварот Бугарија имаше играч повеќе, не успеа тоа да го искористи и да ја впише првата победа во овој квалификациски циклус. За двете селекции ова е првиот освоен бод во групата.
Литванија имаше одличен влез во мечот откако поведе во 15 минута со голот на Гридваинис. Тоа беше воено и првиот погодок на Литванците во овие квалификации. Но, домашните само две минути подоцна се најдоа во проблеми, бидејќи беше исклучен Ласицкас, а Бугарија играчот вишок успеа да го евектурина до крајот на поливремето. Во 27 минута Петков погоди за 1:1. Во вториот дел литванските играчи успеаја сепак да го сочуваат нерешениот резутлат.
Во Групата Ј премиерна победа оствари Луксембург кој како домаќин го совлада Лихтенштајн со 2:0. Пред овој меќ Лускембург имаше еден бод, а го освои кога изненадувачки на гостувањето кај Словачка кога одигра 0:0.
Речиси еден част Лихтенштајн издржа без примен гол, но во 59 минута Дамие Синамни ги развесели домашните навивачи постигнувајќи го водечкиот погодок. Победникот беше дефинитвно решен во завршницата кога Родригес во 89 минута беше прецизен за 2:0.
Во трите одиграни натпревари Лихтенштајн прими 13 а не постигна ниеден гол.