![NjZmODNjYTcwMTQ1YzFkZWNkZDk5NDEwOGY=.thumb](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/NjZmODNjYTcwMTQ1YzFkZWNkZDk5NDEwOGY.thumb_.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Фудбалерите на Швајцарија изненадувачки не успеаја да ја совладаат Белорусија на домашен терен, играјќи 3:3 (1:0) во Санкт Гален во рамките на квалификациите од групата I за ЕУРО 2024 година, но со оглед на движењето на резултатите може да бидат задоволни со освоенот бод.
Швајцарија поведе со прекрасниот гол на Шаќири во 28., за подоцна да настапи голем пресврт. Преку Ебонго во 61, Пољаков во 69 и Антлевски 84. минута, Белорусија во самата завршница влезе со предност од 3:1, но Аканџи во 89. и Амдуни во 90. минута успеаја двапати од мешаница да поентират за конечните 3:3.
Швајцарија е на врвот во групата со 15 бодови, втората Романија има два помалку, а Израел има четири со натпревар помалку. Белорусија е петта со шест бода.
Чешка ги совлада Фарските Острови со 1?0 (0-0) во Плсен во натпреварот од групата Е. Единствениот гол го постигна Соучек од пенал во 76. Со овие три бода Чешка стигна до второто место со 11 бода од шест меча, два бода повеќе има лидерот Албанија, а два помалку има третопласираната Полска.