Квалификации за ОИ кошарка: Италија ја шокираше Србија во Белград

Италијанската кошаркарска селекција ги шокираше Србите во финалето од квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио во Белград и славеше со 102:95 (28:22, 29:23, 23:18, 22:32).

За Италијанците ова ќе биде прв настап на Игрите откако во Атина во 2004 година го освоија сребрениот медал, додека актуелниот олимписки вицешампион од Рио Де Жанеиро по третпат во последните черити олимписки циклуси останаа пласман меѓу 12-те репрезентации кои ќе настапат на кошаркарскиот турнир.

Италија која во 2016-та како домаќин на квалификацискиот турнир во Торино не успеа да оди на Олимпијатата, во неделата во Белград одигра меч со исклучително малку грешки и во сите елементи од играта ги надигра домаќините.

„Аѕурите“ ги предвоеше Акиле Полонара кој уфрли 22 коша со 12 скокови а погоди 6 оф 8 обиди за „тројка“. Николо Манион со 24 поени беше најдобар стрелец во победничкиот тим, а Симоне Гондекио постигна 21 кош со 8 скокови.

Данило Анѓушиќ за Србија постигна најмногу, 27 коша, Филип Петрушев додад 22 а Огњен Добриќ 17 поени.

Во 26 минута од дуелот Италија дојде до неверојатни 24 поени предност (73:49). На почетокот од последната четврдина Србија го намали заостанувањето на 14 поени (66:90), но до крајот успеа само да го ублажи поразот/

Италија во Токио ќе игра во Групата Б од групната фаза со селекциите на Австралија, Нигерија и Германија којашто во неделата на квалификацискиот турник во Сплит во финалето го надигра Бразил со 75:64.

Во Групата А ќе играат Иран, Франција, САД и победникот од квалификацискиот турнир во канадска Викторија, каде што во финалето ќе играат Грција и Чешка која го изненади и елиминиран домашната селекција.

Во Групата Ц се Аргентина, Шпанија, Јапонија и Словенија која предводена со „трипл-дабл“ остварувањето на Лука Дончиќ во неделата со 96:85 (28:24, 24:28. 28:17, 16:16) во Каунас ја совлада домашната Литванија. Дончич го влечеше актуелниот европски шапион од 2017 година со 31 кош, 11 скокови и 13 асистенции

Куриозитет претставува дека ниеден домаќин на квалификациските трунири не се пласираше за Олимписките игри во Токијо, а сите четири места ги пополнија европски репрезентации.