Квалификации за СП 2018: Германија и Англија на чекор до пласман за Русија

Во натрепварите од европските квалификации за Светското фудбалско првенство коешто се играа во понеделникот победи прокнижија Германија и Англија, кои во последните два меча треба да освојат само по еден бод за директно да се пласираат на мундијалот кој следното лето ќе се игра во Русија.

Германија во Штутгард ја демолираше Норвешка со 6:0, но уште не успеа да го обезбеди првото место во групата бидејќи Северна Ирска во Белфаст славеше против Чешка со 2:0. За Германија два гола постијна Вернер, а на полувремето веќе беше 4:0. Во следното коло Германците патуваат во Белфаст по потврда на визата за Русија.

Северна Ирска го продолжи својот низ од одлични резултати и со победата против Чешка си го обезбеди најмалку второто место, но има пет бодови помалку од актуелните светски прваци.

Во оваа Група Ц, Азарбејџан на домашен терен го совлада Сан Марино со 5:1, што е првпат за оваа селекција на официјален натрпевар да постигне пет голови. Сан Марино сепак во Баку успеа да постигне почесен гол, а претходно успеаја да ја затресат мрежата и на Норвешка. Со оваа победа, трета во квалификациите, Азербејџан со 10 бодови ја мина Чешка со 9, како и Норешка која има 7 бодови, па се наоѓа на за оваа земја високото трето место во групата.

Полјаците во Групата Е дома го победија Казахстан со 3:0 и со тоа се здобија со големи изгледи за директен пласман во групата. Големите фаворити Полјаците славеа со головите на Милик, Глика и Левандовски и сега имаат вкупно 19 бодови. Во следното коло играат со Ерменија, а потоа ја пречекуваат Црна Гора.

Данците, пак, лесно минаа на гостувањето во Ереван, иако домашните поведоа веќе во 6 минута. Сепак, Данска со уверливи 4:1 ја совлада Ерменија, а најдобар беше Томас Деланеу со три голови. Данците сега се втори во Групата Е со 16 бодови, колку што има и Црна Гора која ја совлада Романија со 1:0 со голот на Јоветиќ. Во следното коло Данска ја пречекува Црна Гора, и тоа веројатно ќе биде мечот кој ќе одлучи за второпласираната репрезентација од оваа група.

Во Групата Ф Англија на „Вембли“ ја победи Словачка со 2:1 и стаса до чекор од освојување на првото мести и визата за Русија. Словаците ги шокираа Англичаните во 3 минута со голот на Лоботка, но домаѓните со головите на Диер и Рашфорд стасаа до победата. Шкотска на „Хамден Парк“ лесно славеше против Малта со 2:0, додека Словенија дома ја совлада Литванија со 4:0.

Во оваа група Англија има 20 бодови, додека голема борба ќе се води во последните две кола за втората позиција бидејќи Словачка има 15, а Словенија и Шкотска по 14 бодови. Во следното коло Англија ја пречекува Слоенија, а кај Шкотска ќе гостува Словачка.