Квалитетен здравствен систем е приоритет на Владата

Како до квалитетен здравствен систем и здравствена заштита, предизвиците со кои се соочува, како и приоритетите на Фондот за здравствено осигурување, беа дел од темите за кои денеска разговара Александар Николоски, заменик претседател на Владата и Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, директори ФЗОРСМ.

„ФЗОРСМ е во скоро десетгодишно назадување во секоја смисла и прв приоритет е тоа да запре, Фондот да се постави во правилна насока. За тоа постои волја и се бара поддршка и од Владата, за да се реализира изборната програма“ истакна Клековски.

За заменик претседателот Николоски посетата на Фондот е во таа насока.