Славниот музички продуцент Квинси Џонс, кој е потпишан на многуте хитови на Мајкл Џексон, ја обвини починатата поп икона дека плагирал неколку свои хитови, а меѓу нив и митската нумера „Billie Jean“.
„Не сакам за тоа да зборувам јавно, но Мајкл искраде многу работи. Искраде многу песни. Покрај тоа, беше и макијавелист колку што тоа го можеше“, вели за порталот Vulture 84-годишниот продуцент кој учествуваше во реализацијата на легендарните албуми „Thriller“ и „Bad“.
Притоа го свртува вниманието на сличноста меѓу нумерите „Billie Jean“ и „State of Independence“ којашто ја изведуваше кралицата на диско музиката Дона Самер, а ја објави неколку месеци пред хитот на Мајкл Џексон. И двата проекта ги продуцираше Квинси Џонс.
Продуцентот го обвинува Џексон, кој почина во 2009 година, покрај тоа и за „скражавост“ бидејќи одбил да го кредитира Грег Филенгејнс кој го подготвувал хитот „Don’t Stop ‘Til You Get Enough“. Овој музичар инаку го свири клавијатурити на албумот „Thriller“.
Квинси Џонс и натаму е многу актувен во музичкиот свет, а неодамна подигна прашина кога во интервјуто за магазинот GQ рече дека поседува 22 компании ширум светот, дека зборува 26 јаизици и дека се подвргнал на третман во Шведска кој ќе му овозможи да поживее 110 години.