Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Србија и Косово Мирослав Лајчак порача дека после долго време Европската унија е подготвена за проширување.
„На самитот за Балканот нагласив дека за прв пат по извесно време ЕУ е навистина подготвена за проширување. Крајно време е таа шанса да се искористи“, порача Лајчак на социјалните мрежи.
Лајчак во четвртокот учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан во организација на бриселскиот политички институт „Пријатели на Европа“