„Лајка“ за две недели во Општина Гази Баба залови 58 кучиња

Би сакале да ве известиме дека во текот на стратешкото заловување кое траеше две недели во општина Гази Баба заловувачкиот тим на ЈП Лајка постапи на следниве локации:

(31. јули-04. август) заловуваше во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово.

(07-11.август) нашиот тим заловуваше во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци, а интервентно  се постапуваше во останатите скопски општини.

Во овој период нашиот тим залови 58 кучиња.