ЛА Лејкерс со нов тренер во новата сеозна

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ќе има нов тренер во новата сезона затоа што актуелниот предводник Франк Вогел ќе добие отказ, пишува „Бличер репорт“.

Актуелниот првак во НБА-лигата не игра според планот и тешко дека ќе обезбеди место во плеј-офот. И покрај тоа што многумина ги сметаа за фаворити, кошаркарите на ЛА Лејкерс стравуваат и за местото во плеј-ин турнирот.

Тренерот е на чело на екипата од 2019 година и во деби-сезоната ги направи ЛА Лејкерс шампиони.