Беспрекорната превенствена серија фудбалерите на мадридски Реал во вовдниот дел од новата сезона во шпанското провенство продолжи во неделата со победата на домашен терен од 2:1 над Реал Сосиедад.
Реал сега е на врвот со максималните 15 бодови, два повеќе од второпласираната Барселона, а Реал Сосиедад остана на шест бодови на 12-то место, а ова беше првиот пораз сезонава.
Натпреварот не запчна добро за мадриѓаните, бидејќи гостите поведоа веќе во 5 минута преку Андер Баренетчеа. Настојувањата на домашните дадоа резултат по само 40 секунди игра во вториот дела, кога одличната акција со убав гол ја заврши Уругваецот Федерико Валверде. Реал додјде до победата по точно еден час игра, кога нафрли Фран Гарсија а остро со глава биеше Хоселу.
Вилјареал многу тешко го скрши отпорот на Алмерија и победи на домашен терен со 2:1. Гостите повеода во 44 минута со голот на Серхио Акиеме, а израмни во петтата минута од првиот дел Жерард Морено. Победата домашните ја извокуваа, исто така, во судиското продолжение (во 90+4), а стрелец беше Алесканер Серлот.
Вилјареал дојде до шест бодови и е 13-ти, а Алмерија е последна 20-та со само еден бод.
Севилја ја забележа првата првенствена победа сезонава со голот на Доди Лукебакио во 71 минута дома го совлада Лас Палмас. Севилја има сега три бода и е моментално 17-та, а Лас Палмас има два бода и е претпоследна 19-та.
Во отворен и возбудлив натпревар Хетафе со 3:2 дома ја совлада Осасуна. Стрелци за домашните беа Стефан Митровиќ во 36, Хосе Ангел Кармона во 51 и Немања Максимовиќ во 86 минута, а за гостите беа Икер Муњоз во 45 и Амте Будимир во 57 минута од пенал.
Хетафе сега е во групата екипи со седум бодови на деветтото место, а Осасуна е 12-та со бод помалку.