Во дербито на 26. коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид ја победи Севиља со 1:0 со голот на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ во 81. минута.
Модриќ во игра влезе во 75. минута и го замени Начо Фернандез, а шест минути подоцна со одличен удар од 20 метри му донесе победа на Реал. Тоа беше негов втор првенствен гол во сезоната откако постигна гол во победата од 4:1 против Виљареал во декември.
Реал цел натпревар се мачеше со Севиља, а потоа во игра влезе Модриќ и постигна фантастичен гол за важна победа на „кралскиот клуб“ кој сега има осум бода повеќе од второпласираната Барселона, третопласирана е Жирона со 56 бодови, но и натпревар помалку.
Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ беше посебен за капитенот на Севиља, Серхио Рамос, кој доби овации од полниот стадион при неговото претставување. Еден од најважните играчи во поновата историја на Реал Мадрид се врати на „Бернабеу“. Тоа беше првпат во 1.456 дена Рамос да стапне на стадионот каде остави длабока трага. Поминаа три години, 11 месеци и 24 дена од неговиот последен настап за Реал на 1-ви март 2020 година во „Ел класико“ против Барселона. Рамос мина 16 години во дресот на „Кралскиот клуб“, одигра 671 натпревар и постигна 101 гол како стопер. Во дресот на Реал освои 22 трофеи од кои четири титули во Лигата на шампионите, пет титули во шпанското првенство…
Во претходниот натпревар Реал Бетис го победи Атлетик Билбао со 3:1. Чими Авила го доведе Бетис во водство во 13. минута, а Јури Берчиче зголеми на 2:0 погодувајќи ја сопствената мрежа во 38. минута. Нови проблеми за баскискиот тим стигнаа во 41. минута кога Нико Вилијамс беше исклучен. Сепак, Атлетик го намали резултатот со играч помалку во седмата минута од судиското надополнување, а стрелец беше Горка Гурузета. Во преостанатиот дел од мечот гледачите видоа само еден гол, Џони Кардосо погоди во 67. минута за 3:1 и прва победа за Бетис на последните четири натпревари.
Бетис сега е шести со 42 бода, Атлетик е петти со седум бода повеќе.
Победата на Бетис остана во сенка на несреќата на линиската судијка Гвадалупе Порас, која во 13. минута удри во камерата која се наоѓаше во близина на теренот и ја повреди главата. Лицето ѝ беше целосно облеано во крв, а по лекарска помош бешеа изнесена од теренот на носилки и бешеа сменета со четвртиот судија Нестор Олгуерас Кастеланос. Шпанските медиуми јавуваат дека Порас по натпреварот бил хоспитализирана.
Лас Палмас и Осасуна одиграа 1:1. Гостите поведоа во 49. минута со голот на Унаи Гарсија, а израмни Киријан Родригез три минути подоцна. Лас Палмас е осми со 36 бодови, додека Осасуна е на 11. позиција со три бода помалку.
Кадиз и Селта одиграа 2:2. Гостите имаа водство од 2:0 со головите на Јаго Аспас (11) и Вилот Сведберг (58), но домашните успеаја да израмнат. Хуанми во 66. минута намали на 2-1, но Мачис погоди во десеттата минута од судиското надополнување за 2-2.
Во рангирањето води Реал со 65 бодови, Барселона е втора со 57 бодови, додека