Фудбалерите на Хетафе и Барселона одиграа нерешено 1:1 во Мадрид во последниот меч од саботната програма 20. коло од шпанската лига. Жил Кунде во 9. минута ја доведе Барса во водство, а Мауро Арамбари во 34. минута израмни за Хетафе.
Со ова реми Барселона е сѐ подалеку од врвот, трета е со пет бода помалку од лидерот Атлетико, а четири зад Реал, кој има натпревар помалку. Хетафе е 16-ти со 20 бодови, еден повеќе од опасната зона.
Претходно Алавес славеше победа од 3:1 кај Бетис со хет-трикот на Кике Гарсија.
Претходно во саботата водечкиот Атлетико Мадрид беше поразен од Леганес со 0:1, со што Реал Мадрид е на прагот да го превземе водството во Ла Лига. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Србинот Марио Настасиќ во 50. минута, а со него се прекина серијата на Атлетико од 15 последователни победи. Гостите промашија и пенал кој Антоан Гризман го изведе во 89. минута, а двапати ја погодија стативата.
Фудбалерите на Севиља направија пресврт и ја совлада Жирона со 2:1. Жирона поведе во 36. минута со голот на Арно Мартинез, а израмни Саул Нигеуз во 59. минута. Нигез му асистираше на Белгиецот Доди Лукебаки за победничкиот гол во 88. минута. На стартот од натпреварот Севиља можеше да поведе уште во третата минута, но Исак Ромеро промаши пенал.
Севиља сега има седум победи и 26 бода на деветтото место во поредокот, додека Жирона има два бода предност на осмото место.