Ла Лига: Реми на Бетис и Рајо, Реал убедлив со Севиља, Леганес заврши со девет играчи

Без победник заврши последниот натпревар од 18. коло на шпанската Ла Лига, во кој фудбалерите на Бетис и Рајо Ваљекано одиграа 1:1 во Севиља.

Домашните поведоа кога Иско реализираше пенал во 37. минута, додека Иси Палазон израмни на 1:1 во завршницата на дуелот. Двата тима одржуваат позитивна серија во последните кола. Бетис сега има четири победи и две нерешени во последните шест настапи во сите натпреварувања, додека Рајо Ваљекано има две победи и три нерешени во последните пет натпревари.

Бетис сега е деветти, а Рајо Ваљекано е 12-ти на прволигашката табела.

Неделни победи во 18. коло од шпанската Ла Лига остварија Виљареал на гости и Лас Палмас дома. Виљареал го совлада Леганес со 5:2 на гостински терен во меч во кој домаќините завршија со девет играчи. Прво исклучен беше Оскар Родригез во 58. минута, а потоа Хорхе Саенз во 77. минута. Јунак на гостинската победа беше францускиот фудбалер Тиемо Бери, кој ги постигна воведните три гола на Виљареал, а во финалето прецизни беа и Морено и Кабанес.

Виљареал со победата се искачи на петтото место на табелата.

Лас Палмас на домашен терен го победи Еспањол со 1:0, а единствениот гол го постигна Рамирез во 67. минута.

Фудбалерите на Реал Мадрид лесно ја совладаа Севиља на домашен терен, актуелниот шампион победи со 4:2. Реал беше особено добар во воведниот дел од натпреварот, а за да постигнат три гола му требаа нешто повеќе од половина час. Стрелци беа Мбапе во 10. минута, Валверде во 20. минута и Родриго во 34. минута. Веднаш по примениот трет гол, гостите од Севиља со голот на Ромеро намалија на 1:3, додека на почетокот на вториот дел Брахим Дијаз го врати Реал на три гола плус постигнувајќи за 4:1. До крајот на мечот Реал се опушти и во бавен ритам го дочека крајот на мечот, што гостите го искористија за вториот гол на мечот. Стрелец беше Лукебакио во 85. за конечни 4:2 за домаќините.

Со овие три бода Реал дојде на второто место на табелата и има бод помалку од лидерот Атлетико. Третата Барселона има два бода помалку од Реал, но и натпревар повеќе од двата мадридски ривала. Севиља остана на 12. место на табелата.

Немаше победник на првиот неделен натпревар од 18. коло, фудбалерите на Валенсија и Алавес одиграа 2:2. Така и двете екипи по долго време сѐ уште чекаат на првенствена победа. Валенсија последен пат славеше пред еден месец, а Алавес на првиот ден од ноември.

Алавес поведе во седмата минута со голот на Карлос Мартин. До 70. минута гостите имаа минимални 1:0, но потоа домашните навивачи ги загреа Луис Риоха, кој од пенал израмни на 1:1. Гостите повторно поведоа во 88. минута кога Хоан Жордан реализираше пенал за 2:1, но Валенсија сепак успеа да дојде до бод со гол во 98. минута. Дани Гомез добро реагираше со лизгачки старт на исфрлената топка и погоди за конечни 2:2.

Секоја екипа напредуваше по едно место, Алавес сега е 16-ти, а Валенсија е претпоследна 19-та во табелата.