Ла Лига: Рутински победи на Барса и Реал

Водечкиот тим на табелата Барселона со 4:0 на својот „Камп Ноу“ го совлада Реал Бетис во дуелот кој се сметаше за дерби на саботната програма од 32-то коло од шпанското првенство задржувајќи ја предноста од 11 бодови пред мадридски Реал.

Барса ја запечати победата веќе во првото полувреме, со погодоците на Андреас Кристенсен во 14, Роберт Левандовски во 36 и Рафиња во 39 минута, додека автогол си постигна Гвидо Родригез 82 минута. Бетис, кој не прикажа игра која го оправдува неговиот пласман на шестото место,  од 33 минута играше со десетмина, бидејќи беше исклучен Едгар Гонзалес.

Неполн час претходно фудбалерите на Реал славеа на својот „Сантијаго Бернабеу“ против Алмерија со 4:2, со „хет-трик“ на Карим Бензема. Реал е втор со 11 бода помалку од лидерот Барса, додека Алмерија е 16-та.

Благодарение на хет-трикот во првото полувреме, францускиот центарфор Карим Бензема го надмина Мексиканецот Уго Санчез (со 234 гола) со два гола разлика и стана четврти стрелец во историјата на првенството по Шпанија.

Бензема, кој сега има 236 гола во Ла Лига, сè уште може да се надева дека ќе му се придружи на историскиот центарфор на Атлетик Билбао, Телма Зара (253 гола) пред неговото пензионирање и ќе се приклучи на третото место на оваа табела. Првите две места, каде што Лионел Меси (473 голови) и Кристијано Роналдо (311 голови) изгледаат недостижни.

Бензема е единствениот активен фудбалер во Шпанија кој е меѓу 15-те најдобри стрелци во Ла Лига.

Преостанатиот гол за Реал го постигна Родриго (47), додека Лазаро (45) и Лукас Робертоне (61) погодија за Алмерија.