Жирона го продолжи својот сензационален пат сезонава во шпанското првенство и со победата од 4:2 на гостувањето кај Барселона во 16-то коло го запоседнаа врвот на Ла Лига.
Украинецот Артјом Довбик во 12. минута го совлада Пења за водство на Жирона на „Олимпискиот стадион“ Монжуик. Роберт Левандовски во 19. минута израмни, но тоа беше и единствениот погодок на Барса во основните 90 минути.
Барселона во продолжението создаваше шанси, но нејзините напаѓачи не беа концетрирани во одсудните моменти пред голот на Жирона, а гостите опасно го загрозуваа домашниот гол од брз противнапади. Во таквата игра, до крајот на полувремето Жирона во 40. минута повторно дојде во водство преку Мигел Гутјерез а откако во вториот дел одолеа на нападите на домашните го зададе последниот удар во 80. минуа преку Валери Фернандез. Во втората минута од судиското продолжение веќе потопените надежи на Барса ги врати Илкај Гундогам. Веќе следната минута можеше да дојде до пресврт, Левандовски се најде сам на пет метри од голот, но наместо со глава топката ја зафати со рамото и го промаши голот. Две минути подоцна Кристијан Стуани ги постави конечните 4:2.
Жирона по 16 кола има 41 бод, два повеќе од Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона имаат по 34 бодови, а мадрискиот тим има натпревар помалку.
Претходно Осасуна освои бод на гости кај Кадиз одигрувајќи 1:1. Домашните поведоа во 19. минута, а стрелец беше Рожер Марти. Осасуна израмни во 70 минута преку Анте Будимир кој реализираше пенал.
Осасуна сега има 16 бодови и остана на 14-то место, но бодовно се израмни со Алавес и Виљареал. Кадиз со 13 бодови е на 17-то место, последното кое обезбедува опстанок.
Атлетико Мадрид со головите на Алваро Морато во 17. и Анхел Кореа во 22 минута со 2:1 дома ја совлада Алмерија за која стреле беше Леоп Баптисао. Алмерија со само четири ремија сезонава и четири бодови е убедливо последна 20-та на тебелата.
Последните натпревари од 16-то коло ќе бидат одиграни во понеделник. Рајо Ваљекано од 21 часот ја пречекува Селта Виго, а во истиот термин ќе бидат одиграни и преостанатите 73 минута од мечот меѓу Гранда и Атлетик Билбао. Гостите имаат водство со голо на Инаку Вилијам во 6. минута, но десет минути подоцна судијата го прекина мечот откако млад маж доживеа срцев удар и почина на трибината на стадионот „Нуево Лос Карменес“.