Лајпциг во полуфиналето на ЛШ

Фудбалерите на РБ Лајпциг се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите откако во четвртокот вечерта во четврфиналето од завршниот турнир во Лисабон со 2:1 го совладаат Атлетико Мадрид,

Германскиот состав триумфираше со погодоците на Дани Олмо во 51 и Тајлер Адамс во 88 минута, за кого ова беше дебитантски гол во дресот на РБ Лајпциг. За Олмо ова беше првиот меч во европските купов,

За мадридската екипа погодокот го постигна Жоау Фелиш во 70 минута од пенал. Португалецот во игра влезе во 58 минута и го реализираше пеналот кој самиот го избори.

Лајпциг ја игра својата втора сезона во Лигата на шампионите и се избори за учество во плеј-офот. Во сезоната 2017/18, германската екипа заврши на третото место во групната фаза и стаса до четвртфиналето на Лига Европа. Минатата сезона Лајпциг играше во групата фаза на Лига Европа и не успеа да се пласира во полуфиналните дуели.

Лејпциг стана првиот германски тим кој стаса до полуфиналето на Лигата на шампионите од 2011 година, покрај Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, кога тоа му успеа на Шалке.

Атлетико минатата сезона стаса до осминафиналето на Лигата на шампионите, каде беше поразен во двомечот со Јувентус. Мадриѓаните трипати играа во финалето на ова натпреварување, во 1974, 2014 и 2016 година, но никогаш не успеа да ја освои титулата.

Во полуфиналето Лајпциг ќе се соочи со Пари Сен Жермен кој во средата среќно ја совладата Аталанта со 2:1.

Во преостанатите два четвртфинални дуели во петокот се среќаваат Барселона и Баерн, а во саботоа Манчестер Сити и Лион.