Лабуристот Хојл избран за претседател на британскиот парламент

Претеникот од опозициската Лабуристичката партија, Линдзи Хојл, е избран во понеделникот ноќта за претседател на долниот дом на британскиот парламент.

Хојл, кој беше потпретседател на парламентот од 2010 година, пратениците го избраа по четирите кругови гласање кое беше тајно. За него во последниот круг гласале 325 од 540 пратеници, а за неговиот противкаднидат Крис Бајант гласале 213 пратеници, додека два гласа биле неважечки. Вкупно имаше седум кандидати за должноста претседател на долниот дом на британскиот парламент.

Хојл ќе ја преземе должноста од Џон Беркоув, кого противниците го обвинуваа дека ги кршел конвенциите и бил наклонет на оние кои настојуваа да ги запрат владините планови за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, а приврзаниците го гледаа како борец за јакнење на улогата на парламентот и засилен надзир над работата на владата.

„Ќе бидам неутрален. Ќе бидам транспарентен“, изјави 62-годишниот Хојл по гласањето и додаде дека „овој дом ќе се промени на подобро“.

Конзервативниот претседател на долниот дом на британскиот парламент Џон Беркоув во четвртокот по десет години замина од должноста, а ќе остане запаметен по неговото громогласно повикување на ред, острите реплики и одлуки кои некои ги оценуваа како пристрасни.