Фудбалерите на Лацио ќе играат во финалето на италијанскиот национален куп откако во реваншот на „Џузепе Меаца“ го совладаа домашниот Милан со 1:0, а првиот меч во Рим заврши без голови.
Лацио во неговото десетто финале во италијанскиот куп го одведе голот на Кореа во 58 минута од мечот. Римјаните на „росонерите“ им се одмаздуја за поразот во лигата од пред десетина дена. Слабиот Милан речиси цел час во живот го одржуваше голманот Реина.
„Небесносините“ ќе се обидат да го освојат трофејот по седми пат на 15-ти мај која на римски „Олимпико“ ќе се сретнат со победникот од вториот полуфинален двомеч меѓу Аталанта и Фиорентина. Овој натпревар се игра во четврток, а во првиот меч немаше победник и заврши со резултат 3:3.