Поради можно кршење на здравствениот протокол кој е на сила сѐ додека трае епидемијата од коронавирусот, Фудбалската федерација на Италија (FIGC) покрена истрага против Лацио, а истрага отворило и обвинителството на Рим.
На римските „Небесносини“ им се закануваат санкции кои се движат од парична глоба до исфрлање од Првата лига, пишува во средата спортскиот дневен весник Gazzetta dello Sport.
Истрагата е покрената за случај од пред една седмица кога поради зараза со коронавирусот напаѓачот Чиро Имобиле, бразилскиот играч од средниот ред Лукас Леива и албанскиот голман Томас Стракоша не можеа да настапат на 28-ми откомври во Лигата на шампионите против Клуб Бриж (1:1).
Тројцата играчи повторно се тестирани пред превенствениот меч на гости кај Торино, кој се играше во неделата на 1-ви ноември, и биле негативни. Против Торино, голманот Стракоша остана на клупата за резервни играчи, Лукас Леива го одигра второто полувреме а Чиро Имобиле влезе во игра во 57 минута и во петтата минута од судиското првенство постигна гол од пенал за израмнување на 3:3 а во осмата минута од продолжението Каеседо погоди за целосен пресврт и победа на Лацио од 4:3.
Меѓутоа, тревогата се вклучи кога УЕФА им забрани на Имобиле, Леива и Стракоша да патуваат во Русија каде што Лацио вечерва во рамките на Лигата на шампионите игра во Санкт Петербург со домашниот Зенит.
Канцеларијата на обвинителот на Рим го побарала тестовите на коронавирусот кои се објавени пред натпреварите Клуб Бриж – Лацио и пред мечот Лацио – Торино.
Покрај тоа, на фудбалската асоцијација на Италија му се предадени резултатите од тестирањата спроведени во вторникот.
Каква ќе биде казната ќе зависи од тоа дали Лацио со своите потези го ризикувал здравјето на играчите, клупскиот персонал, судиите на мечот и другите кои можело да бидат изложени на зараза со коронавирусот, како и дали имало намера да се промени текот или резултатот на натпреварот во Торино.