Лацио на гости кај Наполи го завери пласманот во ЛШ

Екипата на Лацио го совлада Наполи на гостински терен со 4:2 и воедно го потврди третото место кое води во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Ова воедно беше последен меч за Рафа Бенитез на клупата на тимот од Неапол, а според сите светски медиуми, Шпанецот наскоро ќе биде промовиран во нов тренер на Реал Мадрид.

Лацио на полувремето имаше големо водство од 2:0 со головите на Пароло и Кандрева, но во продолженето Наполи беше блиску до шокантен пресврт.

Тимот на Бенитез тргна одлично во второто полувреме, а Гонзало Игуаин со головите во 55-та и 64-та минута донесе израмнување. Аргентинецот на крајот, сепак беше трагичар, бидејќи во 76-тата минута очајно изведе пенал, шутираше преку голот, а тоа промашување гостите од Рим го казнија.

Во самиот финиш на мечот Онази и Клосе постигнаа голови за Лацио за конечни 4:2, а двете екипи натпреварот го завршија со играч помалку по исклучувањата на Пароло и Гулам.

Серија А, 38.коло

Каљари – Удинезе 4:3

Торино – Чезена 5:0

Фиорентина – Киево 3:0

Интер – Емполи 4:3

Сасуоло – Џенова 3:1

Наполи – Лацио 2:4

Рома – Палермо 1:2

Сампдорија – Парма 2:2

Сабота:

Верона – Јувентус 2:2

Аталанта – Милан 1:3

Табела: Јувентус 87, Рома 70, Лацио 69, Фиорентина 64, Наполи 63…