
Фудбалерите на Лацио се последните четвртфиналисти на годинешното издание на Италијанскиот куп, откако во осминафиналето во четвртокот како домаќини со 2:1 ја совладаа Парма.
Лацио поведе во 23 минута со погодокот на Марко Пароло, но во 83 година Парма израмни преку Валентин Михаила. Сепак, гостите не успеаја да го одржат овој резултат и да се изборат за продолжениј. Римскиот тим триумфираше со трагичната грешка на Симеоне Коломбо кој во 90 минута ја затресе сопствената мрежа.
Лацио во четвртфиналето по една седмица ќе ѝ гостува на Аталанта, додека другите двојки се: градското дерби меѓу Интер и Милан кое се игра во вторник, додеја во среда Јувентус ќе му гостува на второлигашот СПАЛ, а Наполи кај Специја.