Ладно утро, попладне локален дожд – температури до 23 степени

Температурите утрово се движат од -1 до 9 степени целзиусови, а максималните во денот ќе достигнат од 14 до 23. Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, особено во северните и североисточните делови облачноста значително ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје, претпладне сончево со мала облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Времето во наредните денови

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.