Лага е дека со промена на Уставот, Македонија ќе биде членка на ЕУ

Однесувањето на власта кон меѓународната заедница и соседите е полтронско однесување, обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицксоки во емисијата Клан директ.

„Лага е дека со промена на Уставот, Македонија ќе биде членка на ЕУ. Доколку имаме вистински партнер од другата страна, тогаш Бугарија ќе биде пред свршен чин. Ако продолжиме да се однесуваме полтронски тогаш не можеме ништо да направиме. Ние дадовме најмалку три концепти како да се реши ова прашање. Подготвени сме да продолжиме да разговараме за ова и да се најде решение”, изјави Мицкоски.

Осврнувајќи се на темата за руско влијание, Мицкоски посочи дека партиите од власта со тоа мислат дека ќе добијат некој поен плус, но никој не е толку наивен да верува во логиката на власта да мавтаат со една рака со знамињата на ЕУ и со другата ја крадат државата.

„Тоа е обид на луѓето коишто се се уште во власта за дефокус на јавното мислење и тие мислат дека на тој начин ќе наметнат тема во јавноста и сега ние треба околу таа тема и периметарот на таа тема да дискутираме, да кажуваме кој е за Русија, кој е против Русија, кој е за ЕУ и кој е против ЕУ. Ниту едната, ниту другата тема се суштински теми. И едната и другата се апстрактни теми затоа што историски гледано руското влијание во Македонија можеби е најмало на Балканот, тоа е прво и второ историски гледано граѓаните во Македонија се едни од оние на Балканот којшто најмногу ја гледаат својата иднина во рамките на ЕУ“, рече Мицкоски.