Комплетна невистина е дека сопругата на министерот Тимчо Муцунски патувала во Вашингтон,
Срамно и жално е што СДС и малиот Заев, Филипче станаа извор на лажни вести.
Денес Филипче требаше да излезе и да објасни како се стекна со супер луксузна хациенда на падините на Водно како министер и супер луксузно возило? Со која плата и кои извори на финансирање?
Наместо одговори тие продуцираат лажни вести.
Демантираа и од Министерството за надворешни работи:
„Во целост ја демантираме информацијата доставена од страна на СДСМ до медиумите, поврзана со патувањето на министерот Муцунски во Вашингтон. Воедно, ја информираме јавноста дека и покрај тоа што постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга. Министерот единствено беше придружуван од дипломати од Министерството и дипломатско – конзуларните претставништва, а кои се наоѓаа на списокот како дел од официјалната делегација“, наведуваат од МНР уште еднаш напоменувајќи дека информациите споделени во денешното соопштение на СДСМ, како што наведуваат, се целосна лага и невистина.
Опозициската СДСМ денеска побара од министерот Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД, со што како што наведуваат, ќе ја затвори оваа тема еднаш засекогаш.