Како тоа поранешниот премиер и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев, го пријавил случајот „Рекет“ во обвинителството кога во списите стои дека случајот го пријавил Орце Камчев истакна Сашо Дукоски адвокатот на Бојан Јовановски во телевизија 24.
„Обвинителството, односно Вилма Русковска, вели дека случајот го пријавил Орце Камчев. По ова што вие ми го прочитавте, реакцијата на Заев излегува дека Зоран Заев го пријавил случајот. Нека се договорат. Јас во списите видов дека случајот е пријавен од Орце Камчев. Е сега ако коза лаже, рог не лаже, ете го предметот во обвинителството. Нека се договорат кој го пријавил, вели Дуковски.
Истакна дека од одбраната трипати било побарано да се вештачи телефонот на Бојан Јовановски, но тоа не било дозволено. Единствено бил споделен скриншот од комуникација меѓу Заев и Јовановски каде се глорифицира екс премиерот.
„Но има предисторија ова тогаш кога тие имаат некакви комуникации. Но и тоа беше многу редуцирано беше даден само еден скриншот каде се глорифицира премиерот Заев како му вели ‘тоа и тоа’. Дали некому можете да му пратите порака ако претходно не сте имале комуникација. Зошто телефонот не е вештачен?! Ако јас имам чист предмет. Трипати е побарано, трипати е одбиено“, дециден е Дукоски.
Дукоски јавно го повика Заев да каже кои матерјали, преку кого и кои посредници се наводно дадени од него самиот до ВМРО-ДПМНЕ, а за кои споменува лидерот на СДСМ во неговата денешна реакција.
„Немам никаков контакт со кој и да е од ВМРО-ДПМНЕ. Какви матерјало може да давам, ако телефонот не е вештачен?! Такво нешто не се случило. Ако не го направи тоа, сметам дека не ја зборува вистината“, негираше Дукоски.
Дукоски претходно во гостувањето се осврна на пресудата за неговиот клиент и смета дека овој предмет е најслабо воден, со загрозување на правата на клиентите и биле криени докази.
„Обвинителката сметаше дека докази може да бидат дадени само за клиентот што го бранам. Продолжи со една работа што ме шокираше, тоа е цело време се вели врз основа на доказите и денеска судијата ја објави пресудата за предметот, а немаше докази. Гледате една торба со банкноти од 50 евра и гледате човек како излегува и ја мафта торбата. Јас предложив доказ. Согласно Ебанка укинати се банкнотите од 500 евра заради малиот волумен. Милион евра во банкоти од 50 евра тежат 22 килограми. Сега да ја пуштите снимката не се носат толку сретства, не видовме дали се носат воопшто, видовме само едни женски раце како ги бројат парите и како излегуваат“, рече Дукоски.
Потенцираше дека била неверојатна упорноста и обвиноста на судот да се вештачи телефонот на Јовановски.
„Судот ќе дозволеше зградата да се сруши одошто да го вештачи телефонот. Трипати е побарано, трипати е одбиено вештачење. Во завршното обвинение тужителата го прошири обвинението и го теретеше Јовановски дека парите кои потекнуваат од противзаконитото влијание од 2918/2019 година ги пуштил во промет тие пари односно ги перел во 2017. Денес го ослободи од тоа обвинение. Во телефонот има разговори и докази кои ќе ја расчистат фактичката состојба во овој случај. ИТ техничарот ангажиран од обвинителството на мое вкрстено испитување потврди дека не е вешто лице и нема лиценца и ниту е запишан како вешто лице во министерството за правда“, посочи бранителот на Јовановски.
Рече дека притворот е казна без правосилна пресуда. Дукоски потенцираше дека тврди дека нема пари и дека неговата перцепција вели дека Јовановски мислел дека тие се пари од рекет од политичари. На 25-ти овој месец ќе поднесе Јовановски кривични пријави за сите настани кои ги знае.