Лагата стана стил на живот на СДСМ и опозициските медиуми

Опозициската телевизија Телма преку скандалозен новинарски текст под насловот „Наместо Груевски Иванов на Самитот во Брисел“  пласираше нови лаги и конструкции нарачани директно од СДСМ.

Лагите на телевизијата за некакво незадоволство и револт на претседателот на ЕК,  Жан Клод Јункер од одлагањето на роковите за исполнување на обврските од договорот од Пржино беа разоткриени откако синоќа за време на Конгресот на ЕПП во Мадрид се појавија фотографии како првиот човек на ЕК го гушка македонскиот премиер, со што тврдењата на Телма се покажаа како целосни измислици.

junker-gruevski_thumb_medium500_395

Дополнително, Владата синоќа преку сопштение ги демантираше наводите на телевизијата дека  по директно барање на Јункер, претходно подготвената покана за премиерот Никола Груевски за претстојната средба во Брисел била сменета со покана за претседателот Ѓорге Иванов. Од Владата велат дека Груевски нема да биде во можност да присуствува на средбата која во недела ја организира Јункер, од причина затоа што во предвидениот термин премиерот ќе престојува во претходно договорена и организирана посета на Обединетите Арапски Емирати.

Не навлегувајќи во мотивите и намерата на дел од медиумите да се направи тенденциозна манипулација во јавноста, во интерес на вистината и објективното известување сакаме да информираме дека претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, нема да биде во можност да присуствува на средбата која во недела ја организира претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, од причина затоа што во предвидениот термин премиерот Груевски ќе престојува во претходно договорена и организирана посета на Обединетите Арапски Емирати каде што ќе има средба со високи претставници од политичкиот и економскиот живот на земјата домаќин, се вели во демантот од владиниот Сектор за односи со јавноста.

На средбата со Јункер, се вели во демантот, по претходен договор меѓу македонските институции, ќе присуствува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Ги демантираме дезинформациите и неточните наводи на ТВ Телма, која спротивно на новинарските стандарди не побара став од македонската Влада за нивната објавена дезинформација, дека неприсуството на премиерот Груевски на средбата со Јункер е од други причини кои се различни од претходно наведената, а тоа е претходно договорената посета на македонскиот премиер на Обединетите Арапски Емирати. Дополнителен демант за неточната и невистинита теза објавена на ТВ Телма е фактот што денеска и утре премиерот Груевски, присуствува и учествува во работата на Конгресот на Европската народна партија од позиција на која на истиот конгрес присуствуваат германската канцеларка Меркел, шпанскиот премиер Рахој, унгарскиот премиер Орбан, ирскиот премиер Кени, летонската премиерка Страујума и други европски лидери, а на кој конгрес присуствува и учествува во работата и претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, велат од Владата.

Откако изминатата недела Телма се стави во служба на Зоран Заев и СДСМ и ги пренесе лагите за средбите во Израел на лидерот на СДСМ, кои неколку дена подоцна беа демантирани преку официјални изјави и соопштенија од државата Израел, ова е нов скандал на опозициската телевизија. Со ваквите текстови и ниските новинарски стандарди се става под знак прашалник професионалноста и објективноста на Телма како медиум, која влезе во стратегијата на СДСМ за фабрикување на лаги заедно со останатите соросови медиуми. Зоран Заев и Телма по израелските добија и бриселски шлаканици.