
Во подолга статија, српскиот портал Нова ја испитува популарноста на заедничкиот кандидат за премиер на унгарските левичарски опозициски партии, како и неговите шанси за победа на изборите. На прашањето на порталот, Петер Марки-Зај самоуверено изјави дека има шанса да го победи унгарскиот премиер Виктор Орбан на овогодинешните избори.
Користејќи ја лажливата реторика на поранешниот премиер Ференц Ѓурчани, кандидатот на левицата изјави за порталот дека во Унгарија нема слободен печат; само неколку медиуми се независни, додавајќи дека сите регионални весници биле во рацете на (унгарската владејачка – уред.) партија Фидес, објави новинската агенција V4NA.
Зборувајќи за патот што резултираше со актуелниот сојуз на унгарските опозициски партии, тој призна дека тој е далеку од мазен. Идејата дека Фидес може да биде поразен на национално ниво доколку сите опозициски партии ги здружат силите најпрво се појави по општинските избори во Ходмезовасархели (град во југоисточна Унгарија), изјави тој за српскиот сајт. Тој додаде дека јасно кажал дека ќе стане заеднички кандидат само доколку добие поддршка од сите опозициски партии.
Во врска со прелиминарните избори на опозицијата, Марки-Зај излезе со уште една лага кога, според Нова.рс, изјавил дека тој достигна повисок рејтинг на популарност во првиот круг од Гергели Карачони, актуелниот градоначалник на Будимпешта.
Реалноста е дека Марки-Зај го заврши првиот круг на третото место, далеку зад Клара Добрев, кандидатот на Демократската коалиција (ДК) и градоначалник на Будимпешта Гергели Карачони.
Во интервјуто, Марки-Зај, исто така, истакна дека шансите покажуваат дека или тој или градоначалникот на Будимпешта може да го победи премиерот Орбан, и дека победата на Клара Добрев на прелиминарните избори ќе донесе катастрофа.
Опозициските партии се борат за свои места во парламентот, сите сакајќи да обезбедат што е можно поголема поддршка за нивната партија, изјави левичарскиот кандидат за Nova.rs, истакнувајќи ја моќната улога на герилскиот маркетинг и влијателните луѓе во кампањата.