Откако советниците на СДСМ од Куманово, гласаа против граѓански референдум за планот на Владата за градење на згради и населби за мигрантите и нивно вработување, премиерот Зоран Заев, вчера од Велес, оваa граѓанска иницијатива ја сведе на „баналност“, а за да биде поуверлив во тоа, најави дека и СДСМ ќе гласа против кампови за бегалци.
Ама, на терен, сепак неговите во општинските совети, гласаат против референдум и за изгрдаба на бегалски кампови.
Изгласаните референдуми во повеќе општини против изградба на кампови и станови за бегалнци, за Заев се класична политичка манипулација на ВМРО-ДПМНЕ, а за да ја маргинализира сериозноста на ова прашање кое го засега секој што трезвено размислува за безбедноста и стабилноста на општестото во кое живее, Заев посочи дека ако такви референдуми сепак се одржат, тогаш, СДСМ ќе гласале против изградба на кампови и станови за бегалци.
Освен потсмевот и иронијата која веќе станува претпознатлив знак во гледиштата на владини челници за проблемите на граѓаните и јавната критика за нивната работа, досега не гледаме доблесност за отворено прифаќање и дискусија за граѓански инцијативи и спротивставени ставови со актуелната политика.
Сепак, колку и да се сака од високо да се банализира загриженоста на граѓаните за изградбата на бегалски кампови во државава, сепак една друга „баналност“ ја дава потребната доза на сомничавост и иницијатвност дека сепак, загриженост за проблемот треба да постои. А, проблемот со мигрантите (не вонземјани) е можен и треба да се отворат сите карти.
Таа, другата баналност, е сепак реалниот предлог-закон на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и предлог нацрт на Национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година, објавен на офоцијалната страница на Мнистерството за труд и социјална политика.
Значи ли дека со ова вербално поигрување на високите ни претставници на власта, се банализира и реалноста во која живее македонскиот граѓанин, по кој знае кој пат по ред?
Политичарите може во банални политички соопштенија да го банализираа својот политички опонент, не не може да го исмеваат и банализираат гласот кој доаѓа од народот, а во случајот тоа е глас на загриженост, претпазливост и до некаде оправдан страв.
Не може веќе кој било така лесно да паѓа на лагата дека ова се измислици и политички пропаганди за да и се наштети на владејачката структура. Не може, бидејќи постои пишан документ, официјално објавен од една страна, а од друга страна, како смирување на граѓнскиот револт се изјави дека бегалски кампови, се претпоставува дека немало да се прават во Македонија, бидејќи никој од бегалците не би сакал да живее тука. Башка, сега за сега, бегалци немало… Работава е кога ќе ги има тогаш ќе размислуваме.
Е, ова е вистинско банализирање на проблемот.
Во оваа насока е и твитот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров:
На министерот вицот за мигрантите не му помина многу славно… Неговото „скромно“ размисување, побуди и не толку скромни критики кај граѓаните: