Првата плажа наменета за жени и тоа во претежно муслиманскиот регион на Русијачера беше свечено отворена од страна на чеченските власти.
Оваа плажа, направена на периферијата на главниот град на руската Република Чеченија, Грозни, во согласност со исламските прописи, нема да биде пристапна за мажи за кои плажата ќе биде отворена подоцна.
На брегот на „Грозњенското море“ во селото Алди е отворен женски рекреативен центар Лагуна каде се наоѓа плажа само за жени и момчиња до 12 години, се вели во извештајот на веб страницата на руската Република, Рамзан Кадиров и чеченската Влада.
Според зборовите на претставниците на Центарот Петимат Агајев, капацитетот на Центарот Лагуна е повеќе од илјада лица, а персоналот целосно ќе се состои од лица од женскиот пол.