Меѓународниот посредник на Обединетите Нации и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими денеска ќе се сретне со високи претставници од Русија и САД, за да се консултира со нив за мировниот процес во Сирија. Мирновните преговори за Сирија до сега не постигнаа особено голем успех, пренесуваат локалните медиуми.
Оваа недела Брахими се состана со сириската Влада и опозицијата, но не беше постигнат никаков значителен напредок во нивните преговори, бидејќи нивните големи разлики остануваат, што се однесува до главната цел за создавање на преодна Влада во Сирија.