По Европската комисија, на прогласувањето неуспешен крај на преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнево реагираше и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Лајчак, кој е дел од Советот за надворешни и општи работи на Европската унија каде се носат клучните одлуки и препораки во однос на проширувањето и земјите во тој процес, на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер”, му порача на Заев, како и на останатите политички лидери во Македонија дека европскиот интерес треба да надвладее над личната и политичка агенда.
– За да се надмине длабоката криза во Македонија потребен е функционален компромис од страна на сите. Европскиот интерес мора да надвладее над личната или политичка агенда, порача Лајчак.