„Лајкамобајл“ (Lycamobile), најголемиот меѓународен мобилен виртуелен оператор (MVNO) започна со работа во Македонија, која стана 21 држава во „Лајкамобил“, интернационалната мрежа.
Македонските граѓани ќе може да ги уживаат придобивките од „Лајкамобајл“ и нивните нискобуџетни тарифи за национални, меѓународни повици како и интернет сообраќај.
Понудите на Лајкамобајл особено ќе им бидат привлечни на граѓаните кои имаат потреба да им се јават на своите пријатели или роднини во странство, со оглед на тоа дека постојат голем број Македонци низ целиот свет. Лајкамобајл нуди импресивни цени без трошоци за роаминг во дури 18 земји во светот.
Ова е одраз на широката визија на компанијата, која се стреми да им овозможи на корисниците да се поврзат со своите пријатели и семејства ширум светот по најповолни цени.
Кандидатскиот статус на Македонија за влез во Европската Унија од 2005 година овозможи блиски економски врски со Унијата, што резултираше со зголемен развој во телекомуникацискиот сектор како подготовка за посериозна конкурентска средина.
Следствено на тоа, во 2015 година Македонија оствари импресивна стапка на раст во мобилната телефонија од 108%, поради што Лајкамобајл донесе стратешка маркетинг одлука за да ги искористи предностите на таквиот растечки пазар.
Основана со мисија да ги поврзува пријателите и семејствата ширум светот, Lycamobile многу бргу прерасна во компанија, што им служи на 15 милиони корисници ширум светот, вклучувајќи ги корисниците од Европа, САД, Австралија, Хонгконг и Тунис.
Македонија е држава што се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа , oпкружена со некои од најпопуларните земји а нејзината телекомуникациска индустрија доби значајни странски инвестиции во последниве години. Имајќи го предвидтоа, Македонија е нашиот следен чекор, со што продолжуваме да се прошируваме на меѓународно ниво, изјави генералниот директор на „Лајкамобајл“ Субаскаран Алираџах.