Лаличиќ: Разрешена сум за бенигна работа за казнување на адвокат, ова е срам за судството

Судскиот совет ја разреши Софија Лаличиќ со 11 гласа ЗА и двајца против. Причината е нестручно и несовесно работење. Адвокатот Асмир Алиспајиќ поднесе претставка откако таа го казни со 2000 евра, а причина за оваа казна е што на фејсбук статус ја нарече „сваровски судијка“ со уште неколку ептитети.

Разрешена сум спротивно на законите, а одлуката е срам за судскиот совет порачува Софија Лаличиќ во изјава за ТВ24.

„Дали за ваква бенигна работа за казнување на адвокат за што одлуката е укината на двостепен суд, ако за ваква работа се разрешува судија јас поставувам прашање -тогаш поблагите санкции за што служат.“ – изјави Лаличиќ.

Лаличиќ на 28 години стана најмладата судијка во кривичниот суд во Скопје. Пред три години го водеше процесот за дедото на Тамара, кого го осуди на седум ипол години поради напад на  поранешниот министер Никола Тодоров. Своевремено се споменуваше во извештајот на СЈО како „подобна“ која ги следи насоките на УБК во период кога со тајната полиција раководеше Сашо Мијалков и Катица Јанева бараше да се соочи со морална одговорност. Во екот на бомбите во 2015-та година, беше пуштен разговор меѓу судијката Лаличиќ и Мијалков, чија содржина потоа беше повод опозицијата на чело со Зоран Заев да го нарече судството „сваровски“.

„Тоа е 2015-та и до сега судскиот соевет можеше по службена должност тоа да го отвори предмет доколку сметаше дека тоа спаѓа во основите за разрешување. Не сум повикана во судскиот совет, никој ниту ми посочил ниту ме прашаал на таа околност, поминаа повеќе од седум години.“ – изјави Лаличиќ.

За разрешувањето Лаличиќ вели дека не препознава политичка позадина, бидејќи не се смета за блиска со ниедна партија. Одлуката на Судски совет не е конечна, верува во Врховниот суд. Ова е 12 разрешување во судскиот совет во последните година и половина , претходно беа разрешени Лидија Неделкова, Татјана Михајлова, Владимир Панчевски и поранешниот претсеадтел на Врховен Јово Вангеловски.