Ламар Одом во Лаборал

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс, Ламар Одом кариерата дефинитивно ќе ја продолжи во шпанскиор Лаборала. Американецот потпишал двомесечен договор со баскискиот тим , со можност за продолжување до крајот на сезоната . Се очекува крилниот центар да дебитира во Евролигата на натпреварот против Уникаха на 27 февруари 

„Дојде најголемата бомба на европскиот пазар”, напиша на својот профил на Твитер, менаџерот на кошаркарот Мишко Ражњатовиќ, по потпишувањето на договор.

Одом е слободен играч од крајот на минатата сезона , која ја заврши во Клиперси , а до сега има одиграно над 1000 натпревари во НБА лига. Со Лејкерси освои два шампионски прстени.