Прво ја информираше фудбалската јавност дека нема да ја продожи соработката со лондонскиот премиерлигаш Челзи, а сега, репрезентативецот на Англија, Франк Лампард откри дека е можно за време на летниот преоден рок да се пресели „преку барата”.
„Америка е опција која секогаш ја имам на располагање. Прво ќе ги разгледам сите опции, ќе ги разгледам сите понуди кои ќе пристигнат на мојата адреса. Најважно од се е дека јас сакам да играм фудбал уште неколку сезони. Нема да ставам крај на мојата фудбалска кариера. Моментално сум фокусиран на престојниот Мундијал во Бразил. Во моите мисли има место само за репрезентацијата на Англија. Кога ќе заврши Светското првенство, ќе мисалм на мојата клупска кариера”, изјави искусниот играч за врска.
Најтиражните таблоиди на Островот пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека Лампад добил примамлива понуда од новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.