Ландо Норис најбрз на слободниот тренинг, Верстапен казнет со пет места на стартот во Бразил

Британецот Ландо Норис во Мекларен постигна најдобро време на единствениот слободен тренинг во пресрет на Големата награда на Бразил, 21-та трка од Светскиот шампионат во Формула 1 на патеката Интерлагос.

Норис постигна време од 1:10.610 пред Британецот Џорџ Расел во Мерцедес (1:10.791) и Британецот Оливер Берман во Хас (1:10.805).

Актуелниот светски шампион и лидер во вкупниот пласман на светскиот шампионат, Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул го имаше само 15. време на тренингот (1:11.712).

На програмата е само еден тренинг, бидејќи возачите треба уште во петок да се квалификуваат за спринтерската трка која се вози следниот ден.

На четири трки до крајот, Верстапен има 47 поени предност пред Норис.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман во светскиот шампионат Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул е казнет со поместување за пет места на почетокот на трката за Големата награда на Бразил во недела во Интерлагос.

Верстапен беше казнет поради новата промена на моторот со внатрешно согорување. Имено, Ред Бул постави шести мотор со внатрешно согорување на болидот на трикратниот актуелен шампион, по четирите одобрени по сезона, за што доби казна, поместување од пет стартни места назад на гридот на неделната трка.

На секој возач му е дозволено да користи четири мотори со внатрешно согорување во текот на сезоната, а Верстапен веќе ја надмина таа бројка на Белгиското ГП во јули кога беше казнет со подемот за 10 места. Како што тоа се случи по втор пат сезонава, тој овојпат ќе биде потиснат од стартната линија за пет места и казната нема да важи за спринтерската трка во сабота.