Лани во „Tesla“ продале повеќе автомобил отколку што произвеле

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ во рекордната 2021 година продал повеќе автомобили отколку што ги произвел, покажуваат податоците на компанијата објавени во неделата.

„Tesla“ лани продaле 936.172 електрични автомобили, што е речиси двојнo повеќе од претходниот рекорд од претходната 2020 година од 499.647 возила.

Во последното тримесечје од 2021 година на купувачите им биле испорачани 308.600 електрични возила, речиси третина од вкупната бројка минатата година. Како резултат на тоа, компанијата успеала да продаде повеќе возила отколку што ги произвела во годината – 930.422.

Компанијата „Tesla“ ја основаше во 2003 година еден од најбогатите луѓе на планетата Илон Маск со седиште во Пало Алто во Калифорнија. Во почетокот компанијата се специјализираше за производство на електрични автомобили, а подоцна се вклучи и во производството на соларни панели и други системи за складирање на енергијата. Во октомври 2021 година нејзината пазарна вредност првпат надмина билион американски долари.