Во Скопје лани просечната цена на метар квадратен станбена површина е 50.829 денари, за 3,9 проценти помалку во споредба со 2015 година, а во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32.721 денари, или за 1,6 проценти помалку во однос на 2015 година.
Во второто во однос на првото полугодие во минатата година просечната цена на метар квадратен станбена површина е намалена за 5,9 проценти, а во Скопје намалувањето изнесува 3,8 проценти.
Наведените просечни цени на метар квадратен станбена површина се без Данок на додадена вредност.