Американската агенција за вселенски истражувања NASA објави во саботата дека лансирала во орбитата својот најнапреден ласер ICESat-2, вреден милијарда долари за проучување на обемот на мразот и неговото топење на Земјата.
Ракетата „Delta II“ од воената воздухопловна база Ванденбрег во Калифорнија во 6,02 часот по локално време го понела сателитот тежок поливина тона која ќе ги истражува слоевите на мразот на половите и неговите промени.
Оваа мисија е извонредно важна за науката, објасни претходно седмицата за медиумите Ричард Слонакер, од програмата ICESat-2 во NASA. Речиси десет години агенцијата немаше инструмент во орбитата за мерење на дебелината на површините прекриени со мраз на Земјата.
Со помош на ICESat-2 мерењата ќе биде крајно прецизни, велат од агенцијата. Претходната мисија ICESat-2 апочна во 2003 и заврши во 2009 година.